„КОЖУВЧАНКА“ ВО ПЕТ ГОДИНИ ДОДЕЛИЛА 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА Компанијата објави преглед на донациите и на спонзорствата во Македонија

„Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата“, велат од „Кожувчанка“.

81

Компанијата „Кожувчанка“ соопшти дека во последните пет години инвестирала повеќе од 90 милиони денари, односно околу 1,5 милиони евра, преку донации и спонзорства наменети за поддршка на различни општествени области во Македонија. Средствата биле распределени за спорт, здравство, образование, култура, локални заедници и хуманитарни иницијативи.

Податоците се објавени во табеларен преглед на официјалните профили на компанијата, во кој се наведени десетици поединечни донации и спонзорства реализирани во изминатиот петгодишен период. Меѓу корисниците се јавни здравствени установи, училишта, спортски клубови, културни манифестации, здруженија на граѓани, општини и институции.






Од компанијата велат дека општествената одговорност не ја гледаат како законска или деловна обврска, туку како составен дел од корпоративните вредности. Според нив, вложувањата во заедницата се дел од долгорочната политика за поддршка на проекти што придонесуваат за подобар квалитет на живот.

Во објавениот преглед се евидентирани донации за медицинска опрема и здравствени установи, финансиска поддршка за спортски клубови и федерации, средства за културни настани, како и помош за образовни институции и локални проекти. Дел од средствата биле насочени и кон хуманитарни акции и интервенции при кризни ситуации.

„Кожувчанка“ со години развива програми за корпоративна општествена одговорност преку платформата „Капка“, во рамки на која се реализираат донации, еколошки акции и иницијативи за поддршка на локалните заедници. Компанијата наведува дека целта е, покрај деловниот развој, да придонесе и за развојот на средината во која работи.

Компанијата е основана во 1993 година во Кавадарци, а производството на природна минерална вода започнало во 1995 година. Денес располага со портфолио од повеќе брендови, околу 150 директно вработени и производи што се извезуваат на повеќе странски пазари.

Од „Кожувчанка“ порачуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со поддршка на проекти од јавен интерес, оценувајќи дека инвестициите во луѓето и во заедницата претставуваат еден од темелите на нивното работење.

Поврзани содржини