19-ГОДИШЕН МОТОЦИКЛИСТ ЗАГИНА НА ЛИЦЕ МЕСТО Тешка сообраќајна несреќа во Бутел

На улицата Радишанска се случил сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19), соопшти полицијата.

256

Младо момче загина во сообраќајна несреќа попладнево во Бутел.

„Денеска (07.8.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Радишанска во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од Скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот“, соопшти полицијата.






Надлежните се на терен каде што се врши увид.

Поврзани содржини