ФИЛИПЧЕ ПРАТИ ДИЛЕРИ И НАСИЛНИЦИ ДА ПРАВАТ ИНЦИДЕНТИ ВО НОВО СЕЛО Партијата има историја на соработка со луѓе со сомнително однесување, обвини ВМРО-ДПМНЕ

„Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за поседување дрога и наркотични средства, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

472

Венко Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за поседување дрога и наркотични средства, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешнешните прес-конференција на СДСМ и СДММ.






„Христијан Ефтимов, внук на Вице Заев и менаџер на неговата фирма „Тотал Инженеринг“, осуден на една и пол година условна казна затвор бидејќи заедно со Илија Стојанов крвнички тепале луѓе на плоштадот во Струмица. Илија Стојанов е условно осуден за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, затоа што при полициски претрес кај него била пронајдена опојна дрога. СДСМ има историја и генеза на соработка со луѓе со сомнително однесување, личности кои консумираат наркотични средства и криминалци. Токму затоа СДСМ денес е без доверба и без кредибилитет токму поради таквите политиките“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини