МОМЧЕ СКРШИЛО ВРАТЕН ПРШЛЕН ВО КУШАДАСИ Ќе биде вратено во Македонија со владиниот авион
Момчето паднало од тобоган на летување во Кушадаси, Турција, при што се здобило со тешка повреда.
Момче од Македонија кое се здобило со скршеница на вратен пршлен, ќе биде транспортирано утре од Турција во Македонија со владиниот авион, потврдија од Службата за општи и заеднички работи.
Момчето, родено 1998 година, паднало од тобоган на летување во Кушадаси, Турција, при што се здобило со тешка повреда.
Денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите на момчето побарале помош од македонските институции за негово безбедно враќање во земјава.
Момчето било хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен комерцијален лет ниту со возило.
– Транспортот е одобрен и повреденото момче утре ќе биде донесено во земјава со тим лекари од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) – рекоа од Министерството за здравство.