МОМЧЕ СКРШИЛО ВРАТЕН ПРШЛЕН ВО БОДРУМ Ќе биде вратено во Македонија со владиниот авион
Момчето паднало од тобоган на летување во Бодрум, Турција, при што се здобило со тешка повреда.
Момче од Македонија кое се здобило со скршеница на вратен пршлен, ќе биде транспортирано утре од Турција во Македонија со владиниот авион, потврдија од Службата за општи и заеднички работи.
Момчето паднало од тобоган на летување во Бодрум, Турција, при што се здобило со тешка повреда.
Денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите на момчето побарале помош од македонските институции за негово безбедно враќање во земјава.
Момчето било хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен комерцијален лет ниту со возило.