🎥 РИЧАРД ГИР ВО РОМАНТИЧЕН ФИЛМ СО 48 ГОДИНИ ПОМЛАДА АКТЕРКА Новите сцени од филмот предизвикаа бурни реакции поради големата разлика во години
Ричард Гир и Дајана Силверс беа фотографирани во романтични сцени низ Централ парк во Њујорк, каде што го снимаат филмот „Asymmetry“, адаптација на познатиот роман на Лиса Халидеј.
Легендарниот холивудски актер Ричард Гир (76) повторно привлече големо внимание, откако беше фотографиран како снима романтични сцени со Дајана Силверс (28) во Централ парк во Њујорк. Двајцата беа забележани како се возат со педикаб, се смеат и разменуваат нежности, но станува збор за сцени од новиот филм „Asymmetry“, а не за нивна вистинска романса.
Филмот е режиран од Едвард Цвик, а е снимен според истоимениот роман на Лиса Халидеј, објавен во 2018 година. Гир го толкува ликот на Езра Блејзер, светски познат 70-годишен писател, додека Силверс ја игра Алис, млада асистентка во издавачка куќа. Нивната случајна средба во Централ парк прераснува во тајна љубовна врска која ќе им ги промени животите.
Фотографиите од снимањето веднаш предизвикаа бројни коментари на социјалните мрежи, најмногу поради 48-годишната разлика во возраста меѓу актерите. Сепак, токму таквата разлика е суштински дел од приказната, бидејќи романот ја истражува нерамнотежата во односите, моќта, славата и генерацискиот јаз меѓу двајцата главни ликови.
View this post on Instagram
Ова не е првпат Гир и Силверс да бидат фотографирани заедно на снимањето. Во изминатите недели папараците ги уловија како шетаат држејќи се за рака, седат на клупа во парк и јадат сладолед, а во една сцена актерот ја прегрнува својата партнерка околу половината. Сите тие моменти се дел од снимањето на филмот, кое веќе неколку недели се одвива на различни локации во Њујорк.
Иако на филмското платно игра лик кој влегува во љубовна врска со многу помлада жена, во приватниот живот Ричард Гир веќе осум години е во брак со Алехандра Силва, која е 33 години помлада од него. Двојката се венча во 2018 година, има два сина, а во 2024 година се преселија во Шпанија, родната земја на Силва.
„Asymmetry“ важи за една од најочекуваните книжевни екранизации во наредниот период. Покрај љубовната приказна, филмот обработува и теми како војната во Ирак, политиката, книжевноста и нееднаквоста во односите, а многумина очекуваат токму улогата на Ричард Гир повторно да го врати во центарот на филмските награди.