ТРАМП НАЈАВИ КРАЈ НА ВОЈНАТА СО ИРАН Призна дека има ограничени резерви на некои ракети

Сметам дека тоа ќе заврши многу наскоро. Не мислам дека тие можат да издржат уште многу, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

177

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува војната со Иран да заврши наскоро.

– Сметам дека тоа ќе заврши многу наскоро. Не мислам дека тие можат да издржат уште многу – рече американскиот лидер.






Некои американски медиуми во вторникот јавија дека американската армија потрошила голем дел од своите резерви на ракети со долг дострел во текот на војната која трае 5 месеци.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со резервите на муниција, Трамп изјави дека САД располагаат со речиси неограничени количини на одредена воена опрема, но призна дека има и ограничени резерви на некои оружја.

– Има одредени видови муниција кои се исклучително моќни, од кои располагаме со неограничена, практично неограничена резерва. Имаме и други, чии резерви се малку поограничени – рече Трамп.

Трамп истакна дека американските компании за производство на оружје градат нови фабрики, вклучително и за производство на ракетите „Патриот“ и „Томахавк“.

Белата куќа во јули издаде извршна наредба со која се стреми да ги зајакне домашните синџири на снабдување во одбраната, да ја намали зависноста од несигурни странски добавувачи и да ја зголеми способноста на американската индустрија брзо да го зголеми производството.

Поврзани содржини