🎥 БРАТОТ НА АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ОТКРИ ДЕКА Е ГЕЈ НА 53 ГОДИНИ По краткиот брак, Џејмс Хевен призна дека е конечно спремен за ново животно поглавје

Џејмс Хевен, братот на Анџелина Џоли, јавно откри дека е геј, речиси две години по краткотрајниот брак со Роми Имбели, признавајќи дека конечно се чувствува слободен да живее автентично.

70

Џејмс Хевен (53), постариот брат на холивудската актерка Анџелина Џоли, јавно откри дека е геј. Веста ја сподели преку емотивно видео и писмо објавени на платформата на неговата поранешна сопруга Роми Имбели, во кое рече дека започнува „ново поглавје“ во животот, исполнето со надеж, мир и љубов.

Во своето обраќање Хевен призна дека со години се борел со сопствениот идентитет и со последиците од траумите од детството.






– Конечно сум слободен да го живеам животот за кој отсекогаш сум чувствувал дека ми припаѓа – изјави тој, додавајќи дека сака луѓето да го прифатат таков каков што отсекогаш бил.

„Неговото признание доаѓа речиси две години по краткотрајниот брак со Роми Имбели, ѕвезда од реалното шоу „The Real L Word“. Иако се венчаа во август 2024 година, таа поднесе барање за поништување на бракот само 15 дена подоцна, а постапката беше финализирана во март 2025 година. И покрај разделбата, останале во добри односи, а Имбели му даде целосна поддршка за јавното откривање на неговата сексуална ориентација.

Хевен откри и детали од детството, признавајќи дека уште како момче чувствувал дека е различен. Рече дека обожувал принцези од Дизни и дека сакал да става светки и маскара, но тогаш немал зборови со кои би можел да објасни што чувствува. Денес, вели, конечно го разбира тој дел од себе.

Иако во последните години ретко се појавуваше во јавноста, Џејмс Хевен своевремено беше актер и продуцент, а светската јавност најмногу го памети по појавувањето со сестра му Анџелина Џоли на доделувањето на Оскарите во 2000 година, кога нивниот бакнеж во уста предизвика бројни контроверзии. Подоцна и двајцата објаснија дека станувало збор за гест на блискост меѓу брат и сестра, кој бил погрешно протолкуван.

По јавното признание, Хевен најави и нов подкаст наречен „Safe Haven“, во кој ќе разговара со гости за животните пресвртници, личниот развој и процесот на прифаќање на себеси. Со ова, вели, сака да им помогне и на други луѓе кои минуваат низ слични животни предизвици.

Поврзани содржини