6 МРТВИ, 15 РАНЕТИ ОД КОИ ДВАЈЦА КРИТИЧНО Ученик изврши масакар во училиште во Тајланд
Полицијата соопшти дека вооружениот напаѓач ги убил своите баба и дедо дома пред пукотницата во училиштето.
Шест луѓе се убиени, а најмалку 15 други се повредени во пукотница во училиште во покраината Нонтабури, Тајланд, соопшти полицијата.
Двајца од повредените се во критична состојба.
Полицијата соопшти дека вооружениот напаѓач ги убил своите баба и дедо дома пред пукотницата во училиштето.
Според првичните информации осомничениот бил тинејџер, за кој безбедносните сили уште соопштија дека е мртов, односно, извршил самоубиство.
Пукањето е пријавено околу 10 часот наутро во училиштето „Дебсирин Нонтабури“ во округот Банг Круаи, по што полицијата и специјалните сили биле испратени на местото на настанот за да ја стават ситуацијата под контрола.
Командниот центар за инциденти во покраината Нонтабури претходно соопшти дека се верува дека напаѓачот бил ученик, вооружен со пиштол, и дека бил внатре во училиштето.
На местото на настанот се распоредени голем број полицајци, спасувачки и медицински екипи, додека учениците, наставниците и останатиот персонал се евакуирани.