ОПШТИНА АЕРОДРОМ НАБАВИ ТРИМЕРИ, КОСИЛКИ, ДУВАЛКИ… Нова опрема за полесно чистење

107

Општина Аеродром набави нова механизација и работна опрема, во вредност од околу 2,5 милиони денари. Тоа ќе придонесе за поефикасно и поквалитетно одржување на јавните зелени и јавни површини.

Обезбедена е современа механизација за косење, кастрење и одржување на зеленилото, и тоа тримери, моторни косилки, мулчери, телескопски пили и дувалки за лисја. За сите вработени во Јавното претпријатие се набавени нови работни униформи и заштитна опрема, со што значително се подобруваат безбедноста и условите за работа на терен.






– Грижата за јавните површини започнува со грижата за луѓето што секојдневно работат на нивно одржување. Со оваа инвестиција обезбедуваме современа опрема и подобри услови за работа, што директно ќе се одрази врз квалитетот и ефикасноста на услугите што ги добиваат граѓаните. Ќе продолжиме да инвестираме во модернизација на Јавното претпријатие и во јакнење на неговите капацитети, затоа што чиста, уредена и зелена општина е наш приоритет – истакна градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, на промоцијата на новата механизација.

 

Поврзани содржини