НОВА ВОЕНА ЕСКАЛАЦИЈА ВО ЈУЖЕН ЛИБАН Загинаа двајца израелски војници и еден Либанец

Израелската армија вчера почна напади во Јужен Либан како одговор на она што го дефинираше како „прекршување на примирјето“ од страна на Хезболах.

41

Двајца израелски војници се убиени во Јужен Либан, соопштија денеска Израелските одбранбени сили (ИДФ), додека во израелски напади загина најмалку едно лице, според либанското Министерство за здравство.

Израелската армија вчера почна напади во Јужен Либан како одговор на она што го дефинираше како „прекршување на примирјето“ од страна на Хезболах.






Израелските локални медиуми јавија дека двајцата војници се убиени, а уште четворица се ранети откако импровизирана експлозивна направа детонирала во реон каде што спроведувале операција во јужниот дел од Либан.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека во израелски напад врз јужниот град Тибнин загина едно лице, а уште 12 се ранети.

Новата ескалација се совпаѓа со уште еден круг преговори меѓу Израел и Либан во Рим, откако во јуни двете страни се договорија за безбедносен договор постигнат со посредство на САД, со цел намалување на тензиите долж заедничката граница.

Израел соопшти дека ќе ја задржи безбедносната зона во Јужен Либан за да ја елиминира заканата што ја претставува Хезболах, поддржан од Иран.

Поврзани содржини