ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ ПРЕГАЗЕНО ВО ГОСТИВАР Поради тешките повреди итно е пренесено на скопските клиники

Четиригодишно дете од Скопје се здобило со тешки телесни повреди откако било удрено од автомобил на улицата Железничка во Гостивар. По укажаната прва помош, итно е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

208

Четиригодишно дете од Скопје се здобило со тешки телесни повреди откако било прегазено од автомобил во сообраќајна несреќа што се случила во Гостивар.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово информираат дека несреќата била пријавена вчера околу 16 часот во ОВР Гостивар.






„На улицата Железничка во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд куга“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од село Чегране, кое удрило во пешак – четиригодишно дете од Скопје. Во сообраќајната незгода детето се здобило со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е пренесено во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза“ во Скопје“, соопштија од СВР Тетово.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар, а причините за сообраќајната незгода се утврдуваат.

Поврзани содржини