ПОЛИЦАЕЦ ГИ ТЕПАЛ ПАРТНЕРКАТА И НЕЈЗИНИОТ МАЛОЛЕТЕН СИН Приведен полициски службеник во Стар Дојран

Триесет и петгодишен полициски службеник од Ресен е лишен од слобода во Стар Дојран, откако бил пријавен дека физички нападнал 36-годишна жена од Прилеп, со која бил во љубовна врска, и нејзиниот малолетен син.

137

Полициски службеник од Ресен е лишен од слобода поради сомнение дека физички нападнал 36-годишна жена од Прилеп, со која бил во љубовна врска, како и нејзиниот малолетен син.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицето било приведено денеска околу 4 часот во Стар Дојран.






„Денеска (03.08.2026) во 04:00 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија лишиле од слобода 35-годишно лице од Ресен (полициски службеник), постапувајќи по претходна пријава дека на 01.08.2026 и 02.08.2026 година во Стар Дојран физички нападнал 36-годишна жена од Прилеп, со која бил во љубовна врска, и нејзиниот малолетен син“, соопшти МВР.

За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

По завршување на постапката, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Од МВР додаваат дека за случајот е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, кој ќе постапува согласно своите надлежности.

Поврзани содржини