Земјотрес со јачина од 2,5 степени по Рихтер вечерва е почувствуван во Скопје. .
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 21 часот и 54 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентрално подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, Ml2.5.
Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: