СТАРИТЕ АЛПИНИСТИЧКИ ЈАЖИЊА СТАНАА ПОВОДНИЦИ ЗА КУЧИЊА Изработени 53 поводници за кучињата во Лајка

113

ЈП Лајка – Скопје, Europe House и Алпинистички клуб Скопје успешно ја реализираа креативната upcycling работилница на Средно Водно, каде старите алпинистички јажиња добија нов живот како издржливи поводници за кучињата згрижени во прифатилиштето.

На работилницата учествуваа голем број граѓани кои преку својата креативност и ангажман придонесоа за изработка на 53 поводници, кои ќе се користат во секојдневната грижа, прошетките и вдомувањето на кучињата во ЈП Лајка.






Настанот претставуваше одличен пример како преку принципите на циркуларната економија може истовремено да се намали отпадот и да се создаде конкретна корист за заедницата и благосостојбата на животните. Алпинистичките јажиња, кои повеќе не се безбедни за нивната првична намена, наместо да завршат како отпад, беа претворени во квалитетни и функционални поводници.

ЈП Лајка упатува искрена благодарност до Europe House, Алпинистички клуб Скопје и до сите учесници кои со својот труд и ентузијазам придонесоа оваа иницијатива успешно да се реализира.

Поврзани содржини