🎥 ВО ЏЕБОВИ И ВО КЕСИ СКРИЛ НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ ЕВРА Грк пријавил дека носи 60.000, а останатите 64.250 евра ги премолчел

186

Царински службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд.

Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60.000 евра со образец издаден на влез во Република Србија. Поради сомневање во изјавата, царинските службеници заедно со полициски службеник на Фронтекс извршиле детален претрес при што пронашле вкупно 124.250 евра.






Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени 60.000 евра, а останатите се одземени.

Годинава се откриени вкупно 30 случаи на нелегален пренос на девизи, при што запленети се вкупно 820.675 евра, 141.300 британски фунти и 35.000 австралиски долари.

Поврзани содржини