🎥 ПОЧНАА ТЕПАЧКИ ПО УЛИЦИТЕ НА ЦЕУТА, ПО ИНВАЗИЈАТА ОД МИГРАНТИ ШТО ДОПЛИВАА ОД МАРОКО Италија бара Шпанија да биде суспендирана од Шенген

Стотици мигранти денеска ја преплавија границата на шпанската северноафриканска енклава Цеута, откако препливаа од мароканската страна, соопшти Шпанската цивилна гарда. Шпанските воени сили испратија 60 лица за зајакнување на полицијата, која не беше моќна да ја сопре навалицата од луѓе.

120

Министерот за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека сака да ја суспендира Шпанија од Шенген зоната на слободно движење, откако стотици мигранти нелегално пристигнаа во шпанската енклава Цеута од Мароко.

„Го поддржувам затворањето на Шенген зоната со Шпанија“, напиша Тајани на Икс, осудувајќи ја нерегуларната и неконтролирана имиграција.






Мигрантите денеска ја преплавија границата на шпанската северноафриканска енклава Цеута, откако препливаа од мароканската страна, соопшти Шпанската цивилна гарда. Шпанските воени сили испратија 60 лица за зајакнување на полицијата, која не беше моќна да ја сопре навалицата од луѓе.

Државниот радиодифузен сервис TVE објави дека помеѓу 2.000 и 3.000 млади луѓе ја преминале границата, а шпанската државна новинска агенција EFE објави дека стотици млади луѓе можеле да се видат како се искачуваат преку безбедносната ограда, која во тој момент не била под полициски надзор, и влегуваат во Цеута.

Засега не е утврдено колку луѓе влегоа во Шпанија во оваа неверојатна навалица.

Попладнево се појавија и видеа од центарот на градот, на кои се гледа како локалните жители ги тепаат мигрантите.

Во метежот на пристигнувањето загинаа најмалку 9 лица. Повеќето од жртвите се удавиле додека се обидувале да ја препливаат морската граница меѓу Мароко и Цеута или да го заобиколат граничниот бедем преку морето.

На едно видео се гледа дури и како еден мигрант пливал со својот  велосипед.

Цеута, заедно со Мелиља, уште еден шпански автономен град лоциран во Северна Африка, ја претставува единствената копнена граница на Европската Унија со Африка. И двата града периодично доживуваат бранови мигранти кои се обидуваат да стигнат до Европа.

Цеута има околу 83.500 жители на површина од само 18,5 квадратни километеи, што ја прави една од најгусто населените територии во Шпанија.

Цеута, која се наоѓа покрај Гибралтарскиот Проток, е под шпанска власт од 1580 година и е дом и на христијани и на муслимани, како и на шпански и марокански жители. Многу марокански работници кои заработуваат за живот во Цеута, исто така, ја преминуваат границата секој ден.

Цеута со децении е чувствителна точка во односите меѓу Мадрид и Рабат. Мароко не ги признава Цеута и Мелиља како шпанска територија и честопати ги нарекува окупирани територии, додека за Шпанија тие се составен дел од нејзината територија и во исто време надворешна граница на Европската Унија.

🎥 НЕВЕРОЈАТНИ СНИМКИ • СТОТИЦИ МИГРАНТИ МАСОВНО ВЛЕГОА ВО ШПАНИЈА Општ хаос во Цеута, полицијата немоќна

Поврзани содржини