ВИНИСИУС ГО ШОКИРАШЕ РЕАЛ Бара бонус од 80 милиони евра само за еден потпис

Бразилската ѕвезда наводно бара бонус од 80 милиони евра за продолжување на договорот, како и зголемување на правата за имиџ од 50 на 80 проценти.

92

Преговорите меѓу Реал Мадрид и Винисиус Жуниор за продолжување на соработката засега не одат според очекувањата, откако бразилскиот ас поставил финансиски барања кои би можеле да го искомплицираат договорот.

Според шпанскиот новинар Пепе Алварез, 26-годишниот фудбалер бара бонус од 80 милиони евра за потпишување нов договор со „кралскиот клуб“.






Освен тоа, Винисиус сака да добие и поголем удел од правата за користење на неговиот имиџ. Наместо досегашните 50 проценти, тој бара 80 проценти од приходите поврзани со маркетингот и комерцијалните активности.

Токму овие барања, според истите информации, ја довеле во прашање неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи засега не е постигнат договор меѓу двете страни.

Винисиус е член на Реал Мадрид од 2018 година, а актуелниот договор му истекува во летото 2027 година.

Зад себе има уште една одлична сезона во дресот на мадридскиот гигант. Во сезоната 2025/26 одигра 53 натпревари во сите натпреварувања, при што постигна 22 голови и запиша 14 асистенции.

Поврзани содржини