🎥 ОД НЕВКУСНА ШЕГА ДО РИЗИК ОД ЗАТВОР Француски студент во Сингапур објавил како лиже сламка за сок и ја враќа меѓу чистите

129

Тинејџер од Франција, кој студира во Сингапур е казнет со 600 сингапурски долари (околу 405 евра) за нарушување на јавниот ред.

Дидие Гаспар Овен Максимилијан (19) зел сламка од автомат за сок, ја употребил и ја вратил помеѓу чистите. Тој тоа го снимал и го објавил на Инстаграм со опис „Градот не е безбеден“.






Видеоснимката предизвикала осуда од голем број корисници на социјалните мрежи. По инцидентот, тој ја признал вината.

 


– Мојот клиент е свесен за последиците од неговата шега. Искрено жали за предизвиканите проблеми – изјавил неговиот адвокат.

По инцидентот биле сменети сите 500 сламки кои биле во автоматот за сок.

Во Сингапур за нарушување на јавниот ред предвидена е казна до 2.000 сингапурски долари, казна затвор до три месеци или двете казни во исто време.

Поврзани содржини