НАМЕСТО ЗАД РЕШЕТКИ, ЗАВИСНИЦИТЕ ОД ДРОГА И АЛКОХОЛ КАЗНАТА ЌЕ ЈА ИЗДРЖУВААТ ДОМА Италија се бори со преполнетоста на затворите

Италијанскиот министер за правда Карло Нордио вели дека мерката би можела да се примени на повеќе од 10.000 затвореници кои се зависници од дрога, од вкупно околу 65.000 затворениц, како и на 3.700 затвореници зависници од алкохол.

357

Во обид да се намали пренаселеноста во затворите италијанскиот парламент денеска усвои закон кој потенцијално им овозможува на илјадници затвореници кои се зависници од дрога или од алкохол да ја издржуваат казната дома, додека поминуваат низ програми за рехабилитација.

Италијанските затвори се пополнети со околу 140 отсто од капацитетот, според податоците на групата за правата на затворениците „Антигона“, што е еден од најлошите рекорди на пренаселеност во затворите во Европската Унија.






Министерот за правда Карло Нордио изјави дека мерката би можела да се примени на повеќе од 10.000 затвореници кои се зависници од дрога, од вкупно околу 65.000 затвореници. Дополнителни 3.700 затвореници со проблеми со алкохолот исто така би можеле да ја издржуваат казната дома.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека законот претставува „победа на неколку фронтови“, која би го намалила притисокот врз затворите и би помогнала зависниците да се одвратат од криминалот.

Здружението „Антигона“ соопшти дека е скептично во врска со тие бројки, бидејќи пуштањето на затворениците да ја издржуваат казната дома зависи од неколку услови, како и дека предвидените пари би финансирале помалку од 600 места во заедниците за рехабилитација.

Поврзани содржини