ФРЛЕНА БОМБА ВО ДВОР НА СЕМЕЈНА КУЌА ВО КУМАНОВО Полицијата безбедно ја отстрани експлозивната направа
Експлозивната направа била пронајдена на терасата од куќата, а специјализирана екипа на МВР безбедно ја отстранила. Во тек е истрага за откривање на сторителот.
Вистинска драма се случила во Куманово откако експлозивна направа била фрлена во дворот на семејна куќа на улицата Бајрам Шабани.
Случајот бил пријавен вчера околу 14:35 часот, кога 30-годишен кумановец ја известил полицијата дека во неговиот двор била фрлена експлозивна направа.
При увидот, полициските екипи ја пронашле направата на терасата од куќата, додека во дворот била пронајдена и безбедносна рачка, за која се претпоставува дека припаѓа на истата експлозивна направа.
На местото интервенирала и специјализираната единица на МВР за откривање и деминирање експлозивни средства, која безбедно ја отстранила направата. Таа ќе биде предмет на понатамошни вештачења и анализи.
Засега нема информации дали експлозивната направа била активирана, ниту дали во инцидентот има повредени или е причинета материјална штета.
Полицијата презема мерки за да го открие сторителот и да ги утврди сите околности под кои се случил инцидентот.