📽️ СКРШИ НОГА НА ПРОТИВНИК, ПА ДОБИ КАЗНА КАКВА НЕМА ВИДЕНО Ќе седи на трибини додека противникот не закрепне

Виктор Габриел доби суспензија без преседан откако со опасен старт му ја скрши ногата на Габриел Пек. Казната ќе трае додека повредениот фудбалер не се врати на тренинзи.

80

Бразилскиот фудбал доби преседан каков што досега не е забележан, откако Врховниот спортски арбитражен суд донесе несекојдневна одлука во случајот со фудбалерот на Интернасионал од Порто Алегре, Виктор Габриел.

Габриел е суспендиран сè додека целосно не закрепне фудбалерот на кој му нанесе тешка повреда, Габриел Пек, по инцидентот на нивниот меѓусебен натпревар минатата среда.






Контроверзниот момент се случил во 58 минута од натпреварот, кога Виктор Габриел стартувал со отворен ѓон врз ногата на противничкиот играч. Ударот предизвикал длабоки расекотини од копачките, а лекарските прегледи покажале и скршеница на потколеничната коска.

Пек веднаш бил опериран поради сериозноста на повредата, а според првичните проценки неговото опоравување ќе трае околу шест месеци.

Иако судијата веднаш му покажал директен црвен картон на Габриел, спортските власти оцениле дека вообичаената суспензија од неколку натпревари не е соодветна на последиците од стартот.

 

Поради тоа, Врховниот спортски арбитражен суд донел одлука без преседан – Виктор Габриел нема да може да настапува сè додека Габриел Пек не биде доволно опоравен за повторно да започне со тренинзи.

Тоа значи дека и самиот Габриел би можел да биде надвор од терените околу шест месеци, во зависност од процесот на закрепнување на повредениот фудбалер.

На сослушувањето пред судот, Габриел изјавил дека немал намера да го повреди противникот, но тоа не влијаело врз конечната одлука.

Одлуката веќе предизвика голема дебата во Бразил и во фудбалската јавност – дали ваквиот начин на казнување ќе стане нов модел во спортот или ќе остане единствен пример во историјата на фудбал

Поврзани содржини