📽️ САД И САУДИСКА АРАБИЈА ГО НАПАДНАА ИРАК Осум припадници загинаа, четворица се ранети

ПМФ тврдат дека во заедничките воздушни напади загинале осум нивни припадници, додека Саудиска Арабија и ЦЕНТКОМ велат дека цел биле проирански милиции одговорни за напади врз американски војници и саудиска инфраструктура.

630

Осум припадници на Ирачките Народни мобилизациски сили (ПМФ) загинаа, а четворица се ранети во заеднички воздушни напади за кои ПМФ тврдат дека ги извршиле САД и Саудиска Арабија врз нивни позиции во Ирак.

Според Ал Џезира, Саудиска Арабија и Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) соопштиле дека нападите биле насочени кон проирански милиции кои, според нив, стојат зад неодамнешните напади врз американски војници и саудиска енергетска инфраструктура.






Од саудиското Министерство за одбрана соопштиле дека операцијата била изведена како одговор на нападите со беспилотни летала. Наведуваат дека противвоздушната одбрана пресретнала повеќе дронови насочени кон нафтени постројки во Источната Провинција и регионот на Ријад.

 

„Саудиска Арабија не бара ескалација, но ќе одговори на секоја закана“, порачаа од Министерството за одбрана.

Од Народните мобилизациски сили оценија дека нападите претставуваат сериозно нарушување на суверенитетот на Ирак и директен напад врз официјалните безбедносни институции на земјата.

Во меѓувреме, вооружената група „Исламски отпор во Ирак“, која има поддршка од Иран, негираше вмешаност во нападите врз Саудиска Арабија. Оттаму обвинувањата ги нарекоа „измислици“ и предупредија дека секој, како што наведуваат, непромислен потег ќе добие жесток одговор.

 

Народните мобилизациски сили со години се предмет на несогласувања меѓу ирачките власти, САД и соседните држави. Иако според ирачкото законодавство се дел од државните безбедносни сили, тие често дејствуваат самостојно, а во минатото беа поврзувани со напади врз американски воени бази и Амбасадата на САД во Багдад.

Во меѓувреме, ирачкиот премиер Али ал Заиди најави посета на Саудиска Арабија, каде што се очекува да разговара и за најновите безбедносни случувања во регионот.

 

Поврзани содржини