ТУСК СО ОСТРА ПОРАКА ДО ПОЛЈАЦИТЕ: „ПРЕСТАНЕТЕ“! Нападите врз Украинците се против интересите на Полска

Полскиот премиер Доналд Туск апелираше да прекинат ксенофобичните напади врз Украинците во Полска.

211

Полскиот премиер Доналд Туск апелираше да прекинат ксенофобичните напади врз Украинците во Полска, откако во таа земја во последните недели се случија низа инциденти поврзани со зголемените тензии меѓу Варшава и Киев.

Туск се огласи откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тројца Полјаци тепаат Украинец и неговата девојка во Вроцлав, наводно по расправија во продавница.






Двајцата напаѓачи беа уапсени во понеделникот.

– Секој што прави вакви гнасни дела дејствува директно против интересите на Полска. Вие работите против Полска, во корист на Русија и во корист на полскиот и украинскиот национализам – рече Туск на состанокот на кабинетот.

Иако Варшава останува цврст поддржувач на Киев, Украинците што живеат во Полска се соочуваат со растечко јавно непријателство во последните години, бидејќи почетниот бран на сочувство по почетокот на конфликтот во Украина е заменет со замор од бегалците.

🎥 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) КАКОВ ЌОТЕК ЗАТОА ШТО ЗБОРУВАЛЕ СО УКРАИНСКИ АКЦЕНТ! Во Вроцлав Украинците не ги сакаат

Поврзани содржини