🎥 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) КАКОВ ЌОТЕК ЗАТОА ШТО ЗБОРУВАЛЕ СО УКРАИНСКИ АКЦЕНТ! Во Вроцлав Украинците не ги сакаат

На социјалните медиуми кружи видео од жестоко претепување на млад украински пар во полскиот град Вроцлав.

0

Млад украински пар бил нападнат од тројца мажи во неделата, во населбата Закшув во Вроцлав, Полска. Мајката на девојката тврди дека нападот започнал откако напаѓачите го слушнале нивниот украински акцент.

Девојката се обидела да го заштити момчето и притоа добила повеќе удари. Таа има рана на вратот што барала шиење, а за двајцата постои сомнеж за потрес на мозокот.






Полицијата во Вроцлав потврдила дека истражува напад и трага по сторителите. Украинското Министерство за надворешни работи исто така побарало случајот темелно да се истражи.

На 4 јули годинава во Вроцлав се случил уште еден сличен инцидент, кога 19-годишен Украинец бил претепан откако зборувал украински на телефон.

Поврзани содржини