СЛЕДУВААТ ТОПЛИ ДЕНОВИ, СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 39 СТЕПЕНИ Сончево време, со малку облаци и ветер
Времето утре ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер, а повремено и засилен ветер, наместа долж Повардарието, од северен и северозападен правец.
Минималната температура најниско ќе се спушти во берово, до 12 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија и во Демир Капија, со температура до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Температурата ќе се движи од 18 до 33 степени.
Од утре следува период на сончево и топло време со мала локална облачност. Температурите ќе бидат во пораст, ќе се искачат до 39 степени Целзиусови.
