ПОРОЕН ДОЖД ЗАФАТИ ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА Невремето се движи од север кон југ

Метеоролозите продолжуваат со следење на состојбата, бидејќи локално се можни поинтензивни врнежи, електрични празнења и засилен ветер.

254

Повеќе делови од Македонија се зафатени од невреме, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а на места и град – информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според информациите н УХМР невремето се движи од северозапад кон југ и југоисток. Прво било зафатено Кичево, каде во попладневните часови имаше пороен дожд и грмежи, а подоцна нестабилноста се разви во планинските предели северозападно од Скопје, како и во Полошкиот регион, Овче Поле и западно од Струга.






УХМР информира дека невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер е забележано северно од Штип, при што облачноста се движи од север кон југ, кон Гевгелија.

Слаб до умерен дожд е регистриран во Скопје, Охрид, Ресен, Македонски Брод и во северозападните делови од земјава.

Според последните информации на УХМР, невреме со пороен дожд и грмежи има и во Прилеп, Гевгелија, Крушево и Македонски Брод. Вечерва невремето стигна и до Ресен, Преспа и Битола.

Метеоролозите продолжуваат со следење на состојбата, бидејќи локално се можни поинтензивни врнежи, електрични празнења и засилен ветер.

Поврзани содржини