10 НОВИ ЖАРИШТА НА БОЛЕСТА СИПАНИЦИ КАЈ ОВЦИ И КАЈ КОЗИ Досега принудно се убиени повеќе од 1400 животни

Од јануари кога е откриено првото жариште на болеста во село Лопате, до денес болеста се прошири на 17 локации и се зафатени повеќе од 2.700 животни.

88

Од почетокот на месецов во земјава се потврдени вкупно 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози, информира агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Болеста е потврдена во одгледувалишта во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, село Соколарци, општина Чешиново – Облешево, село Бигла, општина Делчево, села Малино и Косевица, општина Свети Николе и село Сопот, општина Куманово.






Притоа, вкупниот број на жаришта од првото потврдено жариште кон крајот на месец јануари 2026 година во село Лопате, општина Куманово до денес изнесува 17 со повеќе од 2.700 животни.

Болеста е потврдена во 15 одгледувалишта на овци и 2 одгледувалишта на овци и кози.

По добивањето на согласност за локација за закопување на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со депопулација на животните во новопотврдените жаришта во Македонска Каменица, Делчево и Свети Николе.

Досега Агенцијата изврши депопулација (убивање на животните во одгледувалиштата) на повеќе од 1.400 животни, а во текот на вчерашниот ден Агенцијата спроведе депопулација на одгледувалиштето во с. Сопот, општина Куманово со примена на механички метод за евтаназија на животните

Сипаниците кај овците и козите се сериозни, високо заразни вирусни заболувања кои што ги погодуваат овците и козите и може да доведат до висока смртност.

Од Агенцијата уверуваат дека болеста не се пренесува на луѓето.

Поврзани содржини