ПО ВОДСТВОТО АНГЛИЈА СЕ МАЧЕШЕ ДА ИЗДРЖИ ДО КРАЈОТ Кејн призна колку Англичаните се разочарани од поразот

Англија изгуби со 2:1 од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство во фудбал.

223

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн рече дека се чувствува ужасно по поразот во полуфиналето од Аргентина со 2-1 и неуспехот Англичаните да се пласираат во финалето на Светското првенство, кое го чекаат од 1966 година.

– Чувството е ужасно, не бевме доволно добри за ова ниво – изјави Кејн по натпреварот што синоќа се одигра во Атланта.






Англија водеше до 85. минута, но Аргентинците го свртеа резултатот во своја корист во последните минути и во неделното финале против Шпанија ќе имаат можност да ја одбранат титулата освоена пред четири години во Катар.

– Ужасно е да се загуби вака. Поради моите соиграчи, луѓето во стручниот штаб и навивачите. Мислам дека натпреварот од наша страна во голем дел беше добар. Меѓутоа, застанавме откако поведовме. Се обидовме да издржиме, но не успеавме. Во тие моменти тешко се справувавме со Аргентинците. Очигледно не бевме доволно добри за ова ниво. Дефинитивно се мачевме по нашето водство – истакна Кејн.

Англија втор пат на последните три светски првенства претрпе елиминација во полуфиналето и остана со една шампионска титула во историјата, освоена во 1966 година на домашен терен.

– Мислев дека сме подготвени да одиме до крај. Навистина верувавме во тоа. Повторно бевме блиску, но постојано ни недостасува нешто и тоа е факт – заклучи Кејн.

Англија в сабота од 23 часот по средноевропско време во Мајами ќе игра против Франција во натпреварот за третото место.

Поврзани содржини