ПОЗНАТИОТ ИНВЕСТИТОР ИЗНЕНАДИ СО ПОСЛЕДНАТА ОДЛУКА Бафет одлучи да вложи во „Алфабет“

Иако се повлече од функцијата извршен директор на „Беркшир“ на почетокот на годината, Бафет остана претседател на компанијата и нагласи дека сè уште е активно вклучен во донесувањето клучни инвестициски одлуки.

95

Американскиот инвеститор Ворен Бафет изјави дека токму тој ја донел одлуката инвестициската компанија „Беркшир Хатавеј“ да инвестира милијарди долари во „Алфабет“, нагласувајќи дека жали што не го сторил тоа многу порано.

Бафет призна дека направил грешка што не инвестирал во „Алфабет“ порано, кога компанијата сè уште била во фаза на брз раст и имала поедноставен бизнис модел.






Според него, во тоа време не го разбирал доволно технолошкиот сектор, поради што ја пропуштил можноста да инвестира порано.

Зборувајќи за развојот на вештачката интелигенција, тој процени дека „Алфабет“ има добри шанси да биде меѓу најголемите победници во таа област, и покрај големите инвестиции што предизвикуваат загриженост кај некои инвеститори.

– Тие имаат поголема веројатност да бидат меѓу победниците отколку 90 или 95% од компаниите што Волстрит ги промовира денес – рече Бафет.

„Беркшир Хатавеј“ минатата година почна да гради позиција во „Алфабет“, а оваа година дополнително ги зголеми своите инвестиции, вклучително и приватна инвестиција од 10 милијарди долари (околу 8,6 милијарди евра) наменета за развој на инфраструктура за вештачка интелигенција.

Иако се повлече од функцијата извршен директор на „Беркшир“ на почетокот на годината, Бафет остана претседател на компанијата и нагласи дека сè уште е активно вклучен во донесувањето клучни инвестициски одлуки.

Бафет, познат и по прекарот „стариот лисец“, е еден од најуспешните инвеститори во светот кој купува акции кога тие се најевтини. Негово мото е „инвестирај во бизнис кој го разбираш“.

Поврзани содржини