📷 ЕМOTИВНА СЕМЕЈНА ФОТОГРАФИЈА НА МАРИЈАНА И РОСАНА Ги покажаа родителите, татко им Томе наполни 89 години
Познатите македонски близначки споделија емотивни моменти од семејната прослава, а јавноста за првпат по долго време ги виде и нивните родители Гордана и Томе заедно со нив.
Далеку од рефлекторите и музичката сцена, Маријана и Росана споделија еден од најважните моменти од нивниот приватен живот – семејната прослава на 89-от роденден на нивниот татко Томе.
Познатите сестри објавија фотографии од роденденската атмосфера, на кои се гледаат со својот татко, но и со мајка им Гордана, која ретко се појавува во јавноста.
Со торта, свеќички и семејна радост, тие му го честитаа роденденот на човекот кој, како што велат, бил нивната најголема поддршка низ целиот живот.
– Бројката 89 е големка и уште толку многу да си ни здрав, жив татичко наш. Среќен роденден Томичко наш – напишаа Маријана и Росана.
Објавата предизвика голем број реакции од нивните следбеници, кои им посакаа здравје и долг живот на нивниот татко.
Томе и Гордана со години беа нивниот најголем потпорен столб, уште од времето кога Маријана и Росана започнаа да ја градат својата успешна музичка приказна. Нивното дуо остави голема трага на македонската музичка сцена, а нивните песни и денес се слушаат.
Маријана, која веќе години живее во Австралија, периодов е во Македонија, каде го поминува времето со семејството, но и работи на нови музички проекти.
Нејзиното враќање донесе и ново музичко обединување со Росана, бидејќи сестрите подготвуваат нов проект заедно со Дац и Александар, кој наскоро треба да биде претставен пред публиката.
Сепак, пред музиката и новите настапи, најважен бил семејниот момент – роденденот на нивниот татко и времето поминато со најблиските.