ТУРСКАТА ГРАДЕЖНА КОМПАНИЈА „СИВРИЛЕР ГРУП“ САКА ДА ИНВЕСТИРА ВО МАКЕДОНИЈА Инвестицискиот проект е во вредност од 25 милиони евра
Најавено е дека ако компанијата влезе во земјава ќе вработи 100 работници.
Tурската компанија „Сиврилер Груп“ (Sivriler Group“) разгледува можност за реализација на нова инвестиција во земјава, информира дирекцијата на ТИРЗ.
Намерата, како што наведуваат од Дирекцијата ја соопштил дирекеторот на компанијата Ахмет Сиври на средба со директорот на дирекцијата Гоце Димовски.
Претставниците на компанијата се запознале со инфраструктурните капацитети и условите што се нудат за инвеститорите.
– Истовремено, беше разгледан и инвестицискиот проект, што предвидува вложување од 25 милиони евра и отворање на повеќе од 100 нови работни места. Согласно првичните планови, инвестицијата на „Sivriler Group“ ќе биде насочена кон воспоставување производствен капацитет што ќе биде извозно ориентиран – велат од Дирекцијата ма ТИРЗ.
Претставниците на „Sivriler Group“ изразија задоволство од условите за инвестирање и од можностите што ги нуди Македонија, нагласувајќи дека посетата претставува значаен чекор во понатамошната евалуација на инвестицијата и продолжување на разговорите за нејзина реализација.
„Sivriler Group“ е основана во Турција во 1998 година, а со неа управуваат Метин Сиври и Ахмет Сиври. Тие се фокусирани на градежништвото и модерната градба. Исто така, делува како дистрибутер за многу водечки добавувачи во градежниот сектор.