ОПОЗИЦИСКИТЕ ПАРТИИ ГИ ОШТЕТИЈА ДИЈАСПОРАТА И ГРАЃАНИТЕ ВО ЗЕМЈАВА Стојаноски за неусвојувањето на Изборниот законик
Четири месеци преговарање во рамки на Министерството за правда, средби во Собранието, отворена понуда од владиното мнозинство кон опозицијата и повторно, опозицијата не смогна сили да седне, да го договори Изборниот законик, онака како што на нив им одговара и да го поднесеме во Собранието, за да може денес да го усвоиме - рече пратеникот Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција истакна дека опозициските партии со неусвојувањето на Изборниот законик не ја оштетија само дијаспората, туку и граѓаните што живеат во државата.
– Денеска е 15 јули, последниот рок кога требаше да биде усвоена изборната реформа. Во исто време, додека е закажана оваа прес-конференција во 11 часот, започнува пленарната седница на која има 24 точки, но точката за Изборниот законик нема да биде на дневен ред. Со што станува јасно дека обврската што Македонија имаше, да го усвои Изборниот законик, нема да биде исполнета. Четири месеци преговарање во рамки на Министерството за правда, средби во Собранието, отворена понуда од владиното мнозинство кон опозицијата и повторно, опозицијата не смогна сили да седне, да го договори Изборниот законик, онака како што на нив им одговара и да го поднесеме во Собранието, за да може денес да го усвоиме. Оваа коалиција не ја оштети само дијаспората, ги оштети и граѓаните кои живеат во нашата држава, но покажа и дека изјавите на Кос и Рокас, коишто се европски претставници, не значат ништо пред нивниот политички интерес – рече Стојаноски.
Тој нагласи дека тоа кое што го гледаме денес во јавноста е театар на свесна блокада, која што треба да им служи како алиби за наредниот изборен пораз апсурд.
– Не се сретнаа ниту еднаш, иако кажаа дека тоа ќе го направат. Немаше во рамките на Собранието никакви преговори и тоа директно оди во штета на она што беше и нашиот интерес, тоа што го укажуваа и дипломатите од Европската унија, конкретно амбасадорот Рокас и комесарката Кос. Сето ова што се направи, се направи само за да не гласа дијаспората, како што тие ги нарекуваат, „антидржавниот елемент“, и оваа одговорност, зашто Македонија нема да ги исполни обврските, коишто се десет на број, и нема да го заокружи процесот со исполнети десет од десет обврски и зошто нема да ги земе тие 4,2 милиони евра, кои што доаѓаа со исполнувањето на оваа обврска, има име и презиме, тоа е коалицијата ДУИ, СДСМ и Левица – рече Стојаноски.
Тој истакна дека усвојување на овој закон не беше само за да ги детерминира и реорганизира изборните процеси во Македонија. Со усвојувањето на овој закон, рече тој, граѓаните на државата ќе добиеја 4,2 милиони евра, средства кои требаше да се искористат за подобрување на животните услови во оваа држава.
– Покрај тоа што нема да имаме подобрување на изборниот модел, граѓаните ќе останат без 4,2 милиони евра. Кога ќе поднесуваат амандмани за подобрување на некои животни услови, треба да знаат кои се одговорни зошто 4,2 милиони евра нема да легнат во државниот буџет и да бидат искористени за проекти и за подобрување на животните услови на граѓаните – рече Стојаноски.
Најави дека во наредниот период ќе разговараат за оваа прашање, но потенцира дека опозициските партии не сакаат да се договаарт.
– Секако дека ќе разговаме и останува простор во наредниот период. Важно е она што јас не знам повеќе од ова што да направиме, бидејќи сите услови кои што тие ги имаа ние ги прифативме. Останува уште еднаш да им дадеме можност да се договораат како што нема да се договораат бидејќи не сакаат да се договораат, затоа што се свесни дека им е потребно алиби бидејќи за две години ќе има избори и на нив им е потребно алиби – нагласи пратеникот Стојаноски.