БУГАРИЈА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД КОАЛИЦИЈАТА ЗА УКРАИНА Радев се залага за мирно решение за крај на војната

Софија нема да учествува во иницијативи што се залагаат за продолжување на воената и на финансиската поддршка за Киев, порача бугарскиот претседател Румен Радев. Според него, излезот од војната не е на бојното поле, туку преку дипломатско решение.

238

Бугарија се повлекува од коалицијата на земји кои ја поддржуваат Украина во одбраната од руската агресија, објави бугарскиот претседател Румен Радев.

Одлуката претставува ново дистанцирање на Софија од дел од европските сојузници кои продолжуваат да ја поддржуваат Украина со воена и со финансиска помош.






– Ние не учествуваме во коалиција што инсистира на продолжување на финансиската и на воената помош за Украина – изјави Радев.

Бугарскиот претседател, кој со години е критичен кон испраќањето оружје за Киев, повторно нагласи дека не поддржува понатамошна ескалација на конфликтот.

– Решението за овој конфликт не лежи во неговото продолжување со воени средства, туку во силна дипломатска мисија што конечно ќе ја запре ескалацијата – рече Радев.

Иако Бугарија учествуваше на претходните состаноци на коалицијата, земјата не испрати свој претставник на средбата што се одржа во Париз.

Радев и претходно ги отфрлаше обвинувањата дека зазема проруски став, тврдејќи дека се залага за прагматични односи со Москва и за дипломатско решение на војната.

Поврзани содржини