МАЈОНЕЗОТ НЕ Е ТОЛКУ ЛОШ! Со години погрешно верувавме дека овој прелив е непријател број 1

Иако често е на листата на „нездрава храна“, експертите велат дека мајонезот не е толку лош како што многумина мислат – ако се консумира умерено

96

Мајонезот е еден од најпопуларните ладни сосови во светот. Оваа едноставна комбинација од жолчки, масло, оцет и често сенф се користи во сендвичи, салати, прилози и бројни други јадења, бидејќи им дава кремаста текстура и препознатлив вкус.

Сепак, поради високата калориска вредност и содржината на масти, мајонезот со години важи за намирница што треба да се избегнува. Често се поврзува со дебелеење, проблеми со срцето и покачен холестерол.






Но, според нутриционистката Софи Медлин од „ CityDietitians“, вистината е малку поинаква.

– Мајонезот е погрешно сфатен. Сам по себе не е лоша намирница – вели Медлин. Таа објаснува дека една лажица мајонез во сендвич со туна или во салата може да биде дел од здрава и балансирана исхрана.

Стандардна порција од околу 15 грама, односно една супена лажица, содржи приближно 100 калории и околу 10 грама масти. Во споредба со сенфот, кој има само околу 15 калории, мајонезот навистина е покалоричен избор.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини