ЈАПОНСКО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ДЕЈСТВОТО НА ЦРНИОТ ПИПЕР Како мирисот на маслото од овој зачин го активира рефлексот за голтање кај пациенти со мозочен удар

Јапонско истражување покажало дека мирисот на маслото од црн бибер може да го забрза активирањето на рефлексот на голтање кај постари лица кои преживеале мозочен удар. Во испитувањето учествувале 105 лица, а ефектот бил забележан и по едномесечна примена.

9

Црниот пипер го познаваме како зачин, но истражувачи во Јапонија испитувале како мирисот на неговото масло влијае врз голтањето. Кај постари лица кои преживеале мозочен удар, рефлексот на голтање се активирал побрзо по изложување на тој мирис. Наодот се однесува на рефлекс што истражувачите го мереле во контролирани услови.

Зошто голтањето може да биде отежнато по мозочен удар
Додека јадеме или пиеме, мускулите на устата и грлото работат усогласено за залакот или голтката да стигне до хранопроводот. При голтањето, дишните патишта накратко се затвораат. Овој редослед на движења обично се одвива автоматски.






По мозочен удар, лицето може послабо да ја чувствува храната во устата или потешко да ги активира мускулите што учествуваат во голтањето. Отежнатото голтање се нарекува дисфагија. На некого повеќе му пречи течноста, додека други потешко голтаат одредена храна. Кога храната, течноста или плунката ќе навлезат во дишните патишта, станува збор за аспирација. Таа може да го зголеми ризикот од воспаление на белите дробови. Затоа истражувачите испитуваат дали сетилните дразби, меѓу кои и мирисот, можат да влијаат врз активирањето на рефлексот на голтање.

Како истражувачите го испитувале мирисот на маслото од црн бибер
Во едномесечно рандомизирано клиничко истражување, објавено во списанието Journal of the American Geriatrics Society, учествувале 105 постари лица кои преживеале мозочен удар и живееле во установи за долготрајна нега во Јапонија. Истражувачите по случаен избор ги распределиле во три групи. Го споредиле дејството на мирисот на маслото од црн бибер со мирисот на масло од лаванда и со дестилирана вода.

Целиот текст прочитајте го на „Арт кујна“.

Поврзани содржини