ПОЗНАТАТА ХРВАТКА АЛКА ВУИЦА УЖИВА ВО ВЕНЕЦИЈА СО ФРОНТМЕНОТ НА ДЈУРАН ДЈУРАН Пејачката и Сајмон Ле Бон ги поврзува долгогодишно пријателство!

Хрватската пејачка Алка Вуица повторно го привлече вниманието на јавноста откако се појавија фотографии од нејзиното дружење во Венеција со една од најголемите светски музички ѕвезди.

129

Кантавторката Алка Вуица овие денови ужива во шармот на Венеција, а нејзино друштво не е никој друг освен една од најголемите светски музички ѕвезди – Сајмон Ле Бон, легендарниот фронтмен на култниот бенд Дјуран Дјуран.

Фотографиите што се појавија од италијанскиот град на вода пријатно ја изненадија јавноста. И додека многумина би помислиле дека ова е случајна средба, вистината е многу поинтересна. Имено, Алка Вуица и Сајмон Ле Бон имаат долгогодишно блиско пријателство кое успешно го одржуваат и покрај бројните деловни обврски и живеењето на различни адреси.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alka Vuica (@alka.vuica)

Тие го искористија престојот во Венеција за опуштено дружење, прошетки низ живописните улици и потсетување на заедничките спомени во романтичната атмосфера на еден од најубавите италијански градови.

Нивната средба се случи непосредно пред големиот настап на Дјуран Дјуран во Италија, па Сајмон решил слободното време пред да излезе на сцената да го помине во друштво на својата долгогодишна хрватска пријателка.

Алка претходно во неколку интервјуа откри дека нивното пријателство трае со години. Таа се присети како некогаш пливале голи на Брионските острови додека пловеле на јахтата на Сајмон „Вајлд Тајгер“, а откри и дека фронтменот на „Дуран Дуран“ ги обожава нејзините кулинарски специјалитети.

– Сајмон Ле Бон е голем пријател на Вук Величковиќ, таткото на мојот син. Додека беа на врвот на својата слава, Сајмон се пресели од Лондон во Париз и беше прв сосед на родителите на Вук. Тие останаа пријатели. Тој дури и сними документарец за бендот – изјавила Вуица.

Судејќи според фотографиите од Венеција, пријателството кое трае со децении е сè уште подеднакво силно и денес.

Поврзани содржини