ЗЕЛЕНСКИ ЈА ПОВЛЕЧЕ ПРЕМИЕРКАТА ОД ПРВАТА ЛИНИЈА Киев ја менува стратегијата, приоритет е оружјето од САД

Додека војната влегува во нова фаза, украинскиот лидер најавува кадровски промени и нов распоред на луѓето задолжени за, како што вели, најважните сојузници на Украина, Соединетите Американски Држави. Според него, клучни се договорите за оружје со САД.

133

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека предложил смена на премиерката Јулија Свириденко.

„Благодарен сум ѝ на Јулија за нејзината јасна, доследна и ефикасна работа на функцијата премиерка, како и за годините на нејзината продуктивна работа во тимот на Украина, а ѝ понудив можност да раководи со нова и важна област во односите со клучен партнер“, наведе Зеленски на мрежата Икс.






Тој истакна дека очекува оти ќе бидат спроведени соодветни промени во Владата на Украина.

„Украина ја менува својата политичка стратегија. Секоја приоритетна област од надворешната политика ќе биде доделена на одредено лице со значително искуство, кое е способно да го спроведе она за што ќе се договориме на ниво на лидери и она што го очекува украинскиот народ. Најважните од овие области ги вклучуваат Соединетите Американски Држави и нашите договори за лиценци за производство на системите ’Патриот‘, како и другата билатерална безбедносна соработка која мора да се преточи во јасни придобивки за нашите земји и за украинските и американските компании“, нагласи Зеленски.

Тој исто така наведе дека на Украина ѝ е потребен јасен напредок кон членството во ЕУ.

Поврзани содржини