ЗАДРЕМАЛ ЗАД ВОЛАНОТ, МИНИБУСОТ СЕ ПРЕВРТЕЛ КАЈ КОТОР Загинат и 16 повредени во трагедија во Црна Гора

Несреќата повторно го отвори прашањето за опасностите од возење во состојба на замор, особено во летниот период кога илјадници туристи минуваат низ регионалните патишта на Јадранот. Полициската истрага се фокусира токму на фактот што возачот бил поспан и уморен.

42

Заморот зад воланот, причина што сообраќајните експерти често ја нарекуваат „најтивкиот убиец“, најверојатно стои зад тешката несреќа што денеска се случи во црногорското село Липци. Една жена го загуби животот, а 16 патници се повредени откако минибус излетал од траекторијата и се превртел покрај патот меѓу Котор и Никшиќ.

Според првичните информации од црногорската полиција, постои сомнеж дека 68-годишниот возач бил уморен и поспан во моментот на несреќата.






Полицијата соопшти дека несреќата се случила околу 13:10 часот, кога минибусот што се движел од правец на Никшиќ удрил во камена падина покрај коловозот.

По ударот, возилото се превртело, а на местото веднаш биле испратени спасувачки и медицински екипи.

Патничка не ги преживеала повредите

Во несреќата загинала повозрасна жена, додека уште 16 патници биле повредени и пренесени во болницата „Васо Ќуковиќ“ во Рисан.

Засега нема официјални информации за тежината на нивните повреди.

Минибусот го управувал Љ.М. (68) од Котор, кој ќе биде сослушан во рамки на истрагата што треба да ги утврди сите околности под кои дошло до трагедијата.

Истрагата се фокусира на заморот на возачот

На местото на несреќата извршен е увид во присуство на надлежен обвинител од Основното државно обвинителство во Котор. Од полицијата соопштија дека се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

„Причината за сообраќајната несреќа се истражува, а прелиминарните податоци укажуваат дека возачот бил уморен и поспан“, соопштија надлежните.

Несреќата повторно го отвори прашањето за опасностите од возење во состојба на замор, особено во летниот период кога илјадници туристи минуваат низ регионалните патишта на Јадранот.

Поврзани содржини