АВТОМОБИЛ СЕ ЗАПАЛИЛ ВО ДВИЖЕЊЕ ВО ЧАИР Возачот успеал да излезе, но се здобил со изгореници

Возачот успеал навреме да го напушти автомобилот, но се здобил со изгореници по телото, се вели во полицискиот билтен. Тој бил пренесен во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.

362

Вистинска драма се одвивала во скопски Чаир кога автомобил се запалил додека бил во движење, а возачот во последен момент успеал да излезе од возилото.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 11 јули околу 7:40 часот. Додека С.Д. (55) од Скопје го управувал своето возило, настанал пожар во движење.






Возачот успеал навреме да го напушти автомобилот, но се здобил со изгореници по телото. Тој бил пренесен во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита, а увид на местото извршиле полициски службеници од СВР Скопје.

Поврзани содржини