🎥 СЕ ЕВАКУИРААТ ВРАБОТЕНИ ОД ФАБРИКА КАЈ ШТИП, ИЗГОРЕ КУЌА ВО СЕЛОТО БУЧИШТЕ Три големи пожари во Штипско и во Пробиштипско

Три авиони „ер трактор“ го гаснат големиот пожар во Пробиштипско, а еден авион претходно го локализираше пожарот кај Исарот во Штип.

539

Трет голем пожар избувна попладнево во Штип. Гори кај штипската млекара, а се евакуираат вработени во фабриката „Албатрос“.

Фејцбук страницата „Секојдневнието во Штип“ објави видео на кое се гледаат десетици луѓе како бегаат, со маски на лицата, а околу нив просторт е исполнет со чад.






„Пеколен ден за Штипјани – во моментот гори и кај Штипска млекара, евкуирани се вработените во Албатрос“, објави страницата „Секојдневието во Штип“.

Веста ја потврди и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување. Според него, овој пожар набрзо ќе биде изгасен.

Три авиони „ер трактор“ попладнево го гаснат големиот пожар во Пробиштипско, каде една куќа изгоре.

– Пожарот во Пробиштипско е почнат меѓу селата Бучиште, Неокази и Петршино. Во Бучиште пожарот е локализиран. Една куќа е изгорена. Но, еден дел од пожарот се префрла накај селото Ратавица –  информира Ангелов.

Според Центарот за управување со кризи денеска до 13 часот се регистрирани 3 активни пожари на отворено.

„Во Пробиштипско кај селото Неокази гори ниска вегетација, кај Исар во Штип и во село Новоселани, во општина Чешиново-Облешево, исто така, гори ниска вегетација“, соопшти ЦУК.

Пожарот кај Исарот беше блиску до куќите, како што се гледа од видеото објавено на Фесбук-страницата „Секојдневнието во Штип“.

Поради тоа беше гаснат со еден „ер трактор“ на ДЗС. По авиоонската интервенција, куќите не беа во опасност.

Пожарот во Пробиштипско денеска предизвика проблеми во сообраќајот, поради густ чад. На регионалниот пат беше намалена видливоста, а поради тоа, според страницата „Се молиме за Македонија“ се случила сообраќајна несреќа.

Поврзани содржини