ФРАНЦУЗИН СОКРИЛ ТАЈЛАНЃАНКА ВО КУФЕР ЗА ДА ЈА ПРОШВЕРЦУВА ОД АЛБАНИЈА Двајцата се во притвор
На премин кон Црна Гора албанската полиција уапси 26-годишен Французин, како и Тајланѓанка која била сокриена во куфер.
Албанските погранични власти на преминот Муриќан, на албанско-црногорската граница, привеле француски државјанин кој се обидел да транспортира Тајланѓанка, сoкриена во куфер .
„Уапсен е Том Хаак, 26-годишен, со француско државјанство. При преглед на неговото возило на граничниот премин Муриќан, службите на граничната полиција пронашле куфер на задното седиште, во кој била скриена тајландска државјанка. Станува збор за обид нелегално да ја изнесе од територијата на Република Албанија“, се наведува во полициското соопштение.
Преку територијата на Црна Гора, а потоа и Хрватска, крајна дестинација требало да биде Франција, со избегнување на законските процедури за минување на граница.
Албанската полицијата соопшти дека и Французинот и Тајланѓанката се во притвор.