ЗАД ВОЛАН БЕЗ ДОЗВОЛА, НО И СО ЗАБРАНА И ПИЈАНИ Приведени 18 возачи, меѓу нив и двајца малолетници без возачка дозвола

Во најголемата акција биле приведени возачи без возачка дозвола, лица што возеле под дејство на алкохол, како и возачи кои управувале и покрај изречена забрана.

45

Осумнаесет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со возила, а дури 15 од нив биле зад волан без возачка дозвола, меѓу кои и двајца малолетници. Акцијата била спроведена на целата територија на државата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најголем број од приведените се регистрирани во Гостивар, каде биле лишени од слобода пет лица, меѓу кои еден малолетник, а едно од лицата претходно учествувало и во сообраќајна несреќа.






Во Скопје биле приведени четири возачи, во Кичево две лица, од кои едно малолетно, а по едно лице било лишено од слобода во тетовско, Кривогаштани, Прилеп и Битола.

Полицијата привела и еден возач во Делчево кој управувал возило под дејство на алкохол.

Дополнително, во Кичево и Кавадарци биле затекнати по еден возач кои управувале моторно возило и покрај тоа што имале изречена забрана за управување.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Воедно, Министерството повторно апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку им е изречена забрана за управување или кога се под дејство на алкохол, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата.

Поврзани содржини