КАНАДА ЌЕ ГРАДИ НАФТОВОД ОД 1.000 КИЛОМЕТРИ Ќе ја снабдува Азија со милион барели дневно

Канада има можност што се пружа еднаш во животот. Можност што ќе ја одреди нашата иднина - изјави канадскиот премиер Марк Карни.

0

Канада ќе изгради нафтовод за снабдување на Азија со еден милион барели сурова нафта дневно. Нафтоводот би бил долг повеќе од илјада километри од западниот брег на Британска Колумбија до пацифичкиот брег.

Изградбата на нафтоводот треба да почне во септември следната година.






– Канада има можност што се пружа еднаш во животот. Можност што ќе ја одреди нашата иднина – изјави канадскиот премиер Марк Карни.

Нафтоводот е дел од напорите на Карни да ја намали зависноста од американскиот пазар, каде што Канада продава три четвртини од своите стоки и услуги, а претходно најави дека двојно ќе ја зголеми трговијата со други земји. Канада речиси целата своја нафта ја извезува во САД односно 60 проценти од американскиот увоз на нафта, околу четири милиони барели дневно.

Поврзани содржини