МЕСЕЦОВ ГРАДЕЖНАТА МЕХАНИЗАЦИЈА СЕ ВРАЌА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ – БЛАЦЕ Договорот со изведувачот ќе се потпише в понеделник

Компанијата Гранит која е избрана за изведувач на работите за три ипол години ќе треба да изгради 5 тунели, 2 галерии и 12 мостови.

77

Автопатот Скопје-Блаце за кој се зборува со децении конечно ќе продолжи да се гради. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека в понеделник ќе биде потпишан договор со изведувачот по што ќе почнат и конкретните активности на трасата.

-Таа тема се говореше во јавноста до децении. Успешно е завршена целокупната постапка. И во понеделник ќе биде потпишан официјално договорот – изјави Мицкоски.






Тој информира дека веќе е избран е изведувачот и се очекува овој месец да се започне со работа на делницата.

-И ова негативно наследство од минатото се решава. Илјадници проблеми затекнавме, но еден по еден ги решаваме. Еден од тие приоритет конечно ги решивме, овие 8 километри конечно ќе бидат направи – рече Мицкоски.

Компанијата Гранит која е избрана за изведувач на работите за три ипол години ќе треба да изгради 5 тунели, 2 галерии и 12 мостови. Заедно со помалите инфраструктурни објекти вкупно 40 објекти ќе се изведат на терен.

Поврзани содржини