ЦРН ЧАД ПОВТОРНО ГО ПОКРИ СКОПЈЕ Нов пожар во Визбегово се шири кон куќи

Нов пожар во скопско Визбегово предизвика густ црн чад. Пламените се шират кон куќи, а противпожарните екипи се на терен.

165

Црн чад денеска повторно се издигна над Скопје, откако во реонот на скопско Визбегово е пријавен нов пожар, само еден ден по големиот инцидент што вчера ја зафати истата околина.

Според првичните информации, станува збор за пожар на сува трева, кој се шири во правец кон куќите во реонот кај „Џиди Комерц“ во Шуто Оризари.






„Преку Е-112 е добиена пријава за пожар на сува трева, истиот се проширува кон куќите, кај ‘Џиди Комерц’, Шуто Оризари“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Првичните информации укажуваат дека, наводно, гори и отпад, што дополнително ја отежнува состојбата на терен.

За случајот е известена Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, чии екипи се упатени на терен.

Поврзани содржини