🎥НЕ МОЖЕШЕ ДА БИДЕ ПОЛУДО Погледнете го голот со кој Бразил ја елиминираше Јапонија на СП
Бразил направи пресврт, па славеше со гол на Касемиро во последните моменти во судиското продолжение, во 95-та минута.
Габриел Мартинели му донесе голема победа на Бразил над Јапонија од 2:1 во Хјустон во првото коло од нокаут фазата на Светското првенство.
Бразил направи пресврт, па славеше со гол во последните моменти во судиското продолжение, во 95-та минута.
Не можеше да биде подраматично во Хјустон.
Јапонија поведе во првото полувреме во 29. минута со голот на Каиш Сано. Тоа беше единствениот гол во првото полувреме.
Бразил израмни во 56. минута благодарение на Карлос Енрике Касемиро. Потоа Бруно Гимараеш му асистираше на Габриел Мартинели за победата и влезот во осминафиналето.
Двете репрезентации влегоа во натпреварот со висок интензитет и иако Бразил на почетокот ја имаше иницијативата, почетниот гол дојде на спротивната страна кога Сано со прецизен удар го совлада бразилскиот голман Алисон Бекер.
До крајот на полувремето, Бразил се обидуваше да го загрози голот на Зион Сузуки, но компактната одбрана Јапонија беше на висина на задачата.
Бразил тргна офанзивно од самиот почеток на второто полувреме и по неколку неискористени идеални шанси за гол, Касемиро со глава од непосредна близина донесе израмнување.
Шест минути по израмнувачкиот гол, ударот на Винисиус Жуниор заврши во стативата на јапонскиот гол.
Завршните 30 минути на дуелот во Хјустон, САД, не донесоа поголеми возбудувања, сè до петтата минута од судиското продолжение кога Мартинели му донесе драматична победа на петкратниот светски првак.
Противник на Бразил во осминафиналето на 5 јули ќе биде победникот од дуелот меѓу Брегот на слоновата коска и Норвешка.