МИЦКОСКИ МУ ПОНУДИ КОМПРОМИС НА СДСМ ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Филипче најави 10.000 амандмани

Предложете амандмани со кои барате корекција на начинот на заокружување и поднесување приговори, веднаш ќе ви ги прифатиме, повлечете ги другите амандмани и да го изгласаме Изборниот законик, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

0

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку социјалните мрежи му понуди компромис на опозицискиот СДСМ и побара да предложат амандмани со кои барат корекција на начинот на заокружување и поднесување приговори по гласањето, кои веднаш ќе им бидат прифатени, но, да ги повлечат другите амандмани и да го изгласаат Изборниот законик.

„Истите тие кои ја крадеа, распродаваа и ја понижуваа Македонија, сега грчевито се борат да ја блокираат. Исплашени се дека по декемврискиот извештај, сега и во јунскиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите од Западниот Балкан повторно ќе бидеме најдобри… Но, имам лоша вест за нив и нза ивните коалициони леви партнери: Македонија ќе ве победи вас и вашите блокади. Повторно ќе добиеме најмногу буџетски средства и повторно ќе добиеме најмногу отворени фондови за финансирање на проекти“, објави Мицкоски на Фејсбук.






Блокираат закон кој со месеци го договараа, додаде тој.

„Закон во кој им прифативме сè што предложија. Единственото нешто што побаравме е дијаспората да може да гласа по електронски пат уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија, а денес го блокираат и бараат бледи алиби-аргументи. Ајде вака: предложете амандмани со кои барате корекција на начинот на заокружување и поднесување приговори. Веднаш ќе ви ги прифатиме. Повлечете ги другите амандмани и да го изгласаме Изборниот законик. Нашата дијаспора има право да учествува по електронски пат на следните претседателски избори, во време кога во светот вештачката интелигенција ќе има клучна улога. Имате шанса овој пат вистински и суштински да бидете за европската иднина на Македонија, не со менување на Уставот, туку со реформи“, порача премиерот Мицкоски.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче соопшти дека пратеничката група на СДСМ подготвува 10.000 амадмани на Изборниот законик.

„Наскоро граѓаните ќе видат како изгледа криминален закон. Нема да дозволиме изборна кражба. 10.000 амандмани спремни“, напиша Филипче на Фејсбук.

Собранието денеска ја утврди потребата од носење на Изборниот законик по скратена постапка.

Партиите СДСМ и Левица најавија дека ќе го бојкотираат процесот, затоа што не се согласуваат со дел од одредбите на измените на ИЗ.

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ ГЛАСА ЕЛЕКТРОНСКИ, ОСТАНУВААТ 6 ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ Собранието ја изгласа потребата од измени на Изборниот законик

Поврзани содржини