ДРОН УДРИ ВО АВИОН ПРЕД СЛЕТУВАЊЕ ВО ЊУЈОРК На ербасот нема ниту гребнатинка

Пилотот пријавил удар на дронот на надморска височина од околу 900 метри, околу 7:15 часот по локално време, а авионот слета безбедно, соопшти Федералната администрација за воздухопловство на САД.

74

Пилот на авиокомпанијата Џетблу пријавил дека авионот се судил со дрон за време на приближувањето кон Меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди во Њујорк.

Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) објави дека авионот слета безбедно и дека по инспекцијата не е пронајдена никаква штета.






Агенцијата почна истрага за инцидентот.

FAA наведува дека пилотот пријавил удар на дронот на надморска височина од околу 900 метри, околу 7:15 часот по локално време.

Во аудиоснимка од комуникацијата со контролата на воздушниот сообраќај, објавена од atc.com, може да се слушне како пилотот на ербас А-321 ја информира контролната кула за инцидентот.

„Подготвени сме да слетаме на левата писта 13. Само кратко ажурирање, немав време да ја информирам контролата, но се судривме со дрон за време на свртувањето“, рече пилотот.

Во соопштение до медиумите компанијата Џетблу наведува дека леталото слетало без никакви проблеми, патниците се симнале нормално, а авионот бил повлечен од сообраќајот за проверка, на која не биле пронајдени никакви оштетувања или траги од судир“.

Агенцијата проценува дека секој месец добива над 100 пријави за видувања на дронови во близина на аеродромите и покрај прописите што забрануваат неовластено работење на дронови во тие области.

Ова е најновата во низата опасни средби меѓу дронови и комерцијални авиони.

Само неколку дена претходно, пилот на Јунајтед ерлајнс пријави дека за малку избегнал судир со дрон за време на приближувањето кон меѓународниот аеродром во Њу Џерси.

Поврзани содржини