📽️ 📷 ДВЕ ЖРТВИ И 17 ПОВРЕДЕНИ ПО УРИВАЊЕ НА ЗГРАДА ВО БРУКЛИН Во тек е сложена спасувачка операција во Њујорк

Најмалку две лица го загубија животот, а 17 се повредени, меѓу кои седум деца. Стотици спасувачи се на терен, а истрагата треба да ги утврди причините за уривањето.

3

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени, меѓу кои и седум деца, откако зграда се урна во њујоршката населба Бруклин. Спасувачката операција сè уште трае, а властите истражуваат што го предизвикало уривањето, јави ДПА, повикувајќи се на локалните власти.

Комесарката на противпожарната служба во Њујорк, Лилијан Бонсињоре, изјави дека спасувачката операција ќе трае подолго, бидејќи потрагата по евентуални преживеани е исклучително сложена.

 






Според неа, зградата се урнала врз соседно градилиште, што дополнително ја отежнува работата на спасувачките екипи. Во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата.

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, на социјалната мрежа „Икс“ објави дека го посетил местото на несреќата и им се заблагодари на екипите за итна помош.

 

– Сакам да им се заблагодарам на екипите за итна помош, кои пристигнаа за помалку од една минута и со часови работеа во опасни и технички сложени услови за да ги спасат жителите на Њујорк. Нивната храброст и посветеност се исклучителни – напиша Мамдани.

Тој додаде дека спасувачката операција сè уште е во тек и дека на терен се стотици спасувачи. Информациите за последиците од несреќата постојано се ажурираат.

 

Поврзани содржини